Gözde Bayar
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ГАЗА (АА) - Палестинските групи на отпорот во Појасот Газа ја повикаа Европската Унија (ЕУ) да преземе акција за да ги заштити правата и безбедноста на Палестинците во израелските затвори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението до делегацијата на ЕУ, која оваа недела е во Газа, Комитетот за затвореници на исламските и националните сили ја повика ЕУ да воспостави меѓународни комитети за испитување на злосторствата на Израел против затворениците и да го принуди Црвениот крст да ја задржи својата т.н. неутралност.
„Во израелските затвори се наоѓаат 5.000 Палестинци, меѓу кои 38 жени и 170 деца“, се вели во соопштението. Се додава дека 1.300 од нив се болни, од кои на 80 им е потребна итна медицинска нега.
Од 1867 година околу 226 притвореници починаа во израелските затвори, а Израел одби да ги предаде телата на осум затвореници.
Делегацијата на ЕУ пристигна вчера во Појасот Газа за да ја оцени здравствената ситуација на палестинската територија во екот на пандемијата на коронавирусот.