Betül Yürük
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ЊУЈОРК
Џо Бајден, кој е избран за претседател на Соединетите Американски Држави, му вети најмалку 100 милиони дози од вакцината против коронавирусот (Ковид-19) на американскиот народ во рок од 100 дена по преземањето на функцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден на промоцијата на својот медицински тим истакна дека јавниот обвинител на Калифорнија, Хавиер Бесера, ќе го назначи за министер за здравство.
Истакнувајќи дека вакцинацијата на американскиот народ ќе биде една од „најтешките и најскапи операции“ во историјата на земјата, Бајден упати повик до Конгресот на САД да формира фонд за вакцинација.
„Милиони Американци можат да чекаат со месеци за вакцината. Развојот на вакцината е супериорна задача, но и нејзината дистрибуција ќе биде подеднакво предизвикувачка“, нагласи Бајден.
Бајден, исто така, вети најмалку 100 милиони дози од вакцината против Ковид-19 за американскиот народ во рок од 100 дена по стапувањето на должноста.
Меѓу другото, Бајден ги замоли луѓето во САД да носат маски 100 дена за да ја забават епидемијата.