Şerife Çetin
19 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
БРИСЕЛ (AA) - Лидерите на Европската унија (ЕУ) на самитот, кој наредната седмица ќе се одржи во Брисел, ќе го поддржат предлогот мигрантите да се собираат во центрите кои ќе бидат надвор од границите на Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во медиумите пред самиот самит се појави нацрт на заедничката декларација на ЕУ во кој се наведува дека мигрантите треба да бидат задржани во центрите надвор од земјите членки.
„Се изразува поддршка мигрантите кои ќе бидат спасени во морињата во соработка со Европскиот совет, УНХЦР и Меѓународната организација за миграции (ИОМ) да бидат собрани во регионални евакуациски центри", се наведува во нацрт декларацијата.
Се напоменува дека во овие центри многу поврзо и полесно ќе биде откриена разликата помеѓу економските мигранти и баратели на азил на кои им е потребна меѓународна заштита.
Се додава дека со ваква пракса мигрантите би биле спречени да одат на опасни патувања преку море.
Самитот, на кој ќе присуствуваат претседатели и премиери на земјите членки на ЕУ, ќе биде одржан на 28 и 29 јуни во Брисел.
Австрискиот премиер Себастијан Курц во сабота изјави дека во случај илегалните мигранти да не биде можно да се да се вратат надвор од границите на ЕУ, потребно е тие да се соберат во безбедносни центри кои ќе бидат надвор од Европа.
Курц говореше за австрискиот весник „Die Presese", а во таа пригода одговараше на прашања во врска со бегалската криза која повторно е тема на дебати во рамките на Унијата.
Со оглед дека неговата земја во јули оваа година претседава со ЕУ, Курц истакна дека еден од главните приоритети на Австрија во овој период ќе биде проблемот со илегалните миграции.