Ömer Tuğrul Çam
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
БРИСЕЛ
Европската унија (ЕУ) го усвои новиот глобален режим на санкции во врска со човекови права кој ќе овозможи применување санкции против лица, институции и организации кои ги прекршуваат човековите права, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европскиот совет, со овој нов систем кој беше усвоен на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ одржан во Брисел, ЕУ за прв пат ќе може да ги таргетира државите или вон државните актери кои вршат сериозни прекршувања на човековите права во светот.
Санкциите на ЕУ вклучуваат забрана за патување, замрзнување на имотите, како и забрана за директно или индиректно осигурување фондови за лицата и институциите во ЕУ кои се вклучени на листата на санкции.
Прекршувањата кои влегуваат во рамки на санкциите се геноцид, злосторство и малтретирање против човештвото, ропство, вонсудски егзекуции, арбитрарни приведувања.
Одлука за применување санкции ќе може да се донесе со предлог на земја членка на ЕУ или на Високиот претставник на ЕУ за надворешни односи и безбедност.