свет

ЕУ ќе ја зголеми финансиската поддршка за Украина, ги проширува санкциите против Русија

„Цврсто стоиме во поддршката за Украина, не само што обезбедуваме клучни ресурси туку се грижиме и за тоа Русија да се соочи со големи последици за нејзината незаконска војна“

Necva Taştan Sevinç  | 17.03.2025 - Обновена : 18.03.2025
ЕУ ќе ја зголеми финансиската поддршка за Украина, ги проширува санкциите против Русија

ИСТАНБУЛ (АА) – Европската Унија ќе обезбеди околу 4,5 милијарди евра финансиска помош за Украина до март, со цел да ја зајакне одбранбената способност на земјата, изјави денес францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, јавува Анадолу.

„Цврсто стоиме во поддршката за Украина, не само што обезбедуваме клучни ресурси туку се грижиме и за тоа Русија да се соочи со големи последици за нејзината незаконска војна“, изјави Баро пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека Унијата ќе воведе дополнителни санкции против Русија што ќе опфатат 2.400 лица инволвирани во конфликтот.

Овие санкции вклучуваат замрзнување на средства и забрана за патување, со цел да се зголемат економските и политичките трошоци за руските официјални лица и субјекти поврзани со војната, нагласи тој.

Кон крајот на февруари ЕУ соопшти дека блокот и неговите земји членки досега обезбедиле речиси 145 милијарди долари финансиска, воена, хуманитарна помош и помош за бегалците за Украина од почетокот на војната. Од таа сума, 65 отсто биле доделени како грантови или еднократна парична помош, а 35 отсто биле во форма на „многу поволни“ заеми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın