Жена се породи во мигрантски чамец што пловел за шпанските Канарски Острови
На 6 јануари шпанските власти добија дојава за чамец на надувување со повеќе од 60 мигранти што се движел во водите близу островот Ланзароте. Спасувачите биле информирани дека во чамецот има бремена жена
ОВИЕДО (АА) - Жена се породила во чамец со мигранти што се обидувал да стигне до Канарските Острови во Шпанија, соопшти денес шпанската крајбрежна стража, пренесува Анадолу.
На 6 јануари шпанските власти добија дојава за чамец на надувување со повеќе од 60 мигранти што се движел во водите близу островот Ланзароте. Спасувачите биле информирани дека во чамецот има бремена жена.
„Се изненадивме кога видовме целосно голо бебе во чамецот, кое се родило 10, 15, 20 минути претходно“, изјави денес Доминго Трухиљо, капетан на спасувачкиот брод, за шпанската телевизија ТВЕ.
Жената и бебето биле во стабилна состојба и со хеликоптер биле однесени во болницата во Ланзароте.
„Нашите екипи на Канарските Острови имаа интензивен почеток на годината“, објави шпанската Цивилна гарда на X, заедно со фотографија од новороденото бебе во мигрантскиот чамец.
Како што јави телевизијата РТВЦ на Канарските Острови, повеќе од 2.000 мигранти стигнале до бреговите на островите од почетокот на 2025 година.
Инаку, во 2024 година забележан е рекорден број пристигнувања на мигранти во Шпанија, 63.970 луѓе нерегуларно влегле на шпанска територија по копно или море. Од нив речиси 47.000 пристигнале со опасното патување до Канарските Острови.
И покрај тековниот интензитет на пристигнувања, Трухиљо рече дека третпат гледа бебе што е родено во мигрантски чамец. Тој дури и ја пресекол папочната врвца за време на спасувачка операција во 2020 година.
„Тоа беше спасувачка операција во ужасна ситуација во која никој никогаш не би сакал да се роди“, рече тој.
Кон крајот на 2024 година шпанската невладина организација Каминандо Фронтерас процени дека речиси 10.000 луѓе загинале при обидот да стигнат до Канарските Острови минатата година, што ја прави еден од најопасните маршрути на мигрантите во светот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.