Zuhal Demirci
10 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, разговараше со својата австралиска колешка, министерката Марис Пејн, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од дипломатски извори е наведено дека Чавушоглу и Пејн телефонски разговарале за пожарите кои со месеци се активни во Австралија и кои ги зафатија населбите во таа земја.
Турскиот министер претходно овој месец на социјалната мрежа Твитер напиша дека нему и на турскиот народ им е жал поради ситуацијата во Австралија.
„Подготвени сме да ви ја пружиме сета поддршка која ви е потребна за борба против оваа страшна катастрофа“, порача Чавушоглу.
Поради пожарот кој од септември ја зафати Австралија, домовите ги напуштија илјадници лица. Во пожарите загинаа најмалку 27 лица, загинаа повеќе милиони животни, а уништени се околу 2.000 куќи и 10,3 милиони хектари земјиште.
Во Викторија и Нов Јужен Велс, по подобрувањето на временските услови на неколку дена, повторно е активен ветрот и растат температурите што ќе ја отежни контролата и гаснењето на активните пожари. На тоа подрачје е упатен повик за евакуација, а илјадници лица досега ги напуштија своите домови.