Ahmet Furkan Mercan
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Извршена е смртна казна поради убиство и изнуда во Јапониј, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Којодо“, Министерството за правда објави дека е извршена смртната казна за 45-годишниот Кеничи Тажири поради убиство на двајца луѓе во југозападниот дел на земјата, во Кумамато.
Министерот за правда Катсутоши Кенеда истакна дека оваа одлука е прва откако стапил во функција во август и дека внимателно се испитуваат извршувањата на одлуките за смртни казни.
Министерот Канеда рече: „Овој настан е ужасен инцидент во којшто еден човек се изживувал“.
Според конечната пресуда, Тажири претходно во март 2004 година, во градот Уто, во провинцијата Кумамото, земал 180 илјади јени од 49-годишниот Чизуко Накатусу и го убил. Во февруари 2011 година, во центарот на провинцијата Кумамото тешко ја повредил сопругата на Накатусу, 65-годишната Јошико Мигита. Мигита почина во болницата каде што се лекуваше.
Во текот на 10-месечниот ангажман на претходниот министер за правда, Митсудите Иваки, во Јапонија беа извршени 4 смртни казни.
Со последната одлука за смртна казна од 2012 година, откога на функција дојде премиерот Шинзо Абе, бројот на извршени смртни казни се искачи на 17.
Федерацијата на адвокатската комора на Јапонија минатиот месец на надлежните органи им достави предлог со цел да се укине смртната казна до 2020 година.