Zeynep Tüfekçi
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Тројца Палестинци беа ранети за време на рацијата на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Очевидците велат дека израелските сили се инфилтрирале во местото Бејт Фурик во источниот дел на Наблус на Западниот Брег и дека дошло до конфликт.
Израелските војници користеа гумени куршуми и солзавец за да ја растераат групата Палестинци. Десетици луѓе имаа симптоми на гушење како последица од солзавецот.
Израелската армија не ја кажала причината за оваа рација.
Според палестинските власти, Израел во моментов во затворите држи околу 7.000 Палестинци, од кои повеќето доаѓаат од окупираниот Западен Брег.
Израелската армија во последно време спроведуваше апсења низ Западниот брег под изговор дека ги бара прибеганите Палестинци.