Hasan Esen,Ata Ufuk Şeker
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Сепаратистичките партии во Каталонија на вчерашните вонредни парламентарни избори освоија доволно гласови за формирање мнозинска влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните на автономниот регион Каталонија вчера излегоа на гласање на предвремени избори кои ги распишаа централните шпански власти откако кон крајот на октомври ја презедоа контролата над Каталонија.
Целта на изборите е да се придонесе во излезот од криза на регионите во кои сепаратистичките власти еднострано прогласија независност, а граѓаните излегоа на гласање за избор на 135 членови на локалниот парламент.
Според податоците објавени доцна синоќа, коалицијата „Заедно за Каталонија", составена од Каталонска демократска партија (PDeCAT) и Демократската конвергенција на Каталонија (CDC) освои четири пратенички места (21.65 посто), Републиканската левица на Каталонија (ERC) 32 места (21,39 проценти) и антикапиталистичката Кандидатура за национално единство (КУП) четири места (4,45 проценти).
Сепаратистичка партија, иако освои помалку од 50 отсто од гласовите, поради изборниот систем доби 70 пратенички места, а минимум за формирање влада е 68. На претходните избори сепаратистичка партија освои 72 места во парламентот, но иако малку ослабна, успеа да се одржи на власт.
Изборната победа повторно го отвори патот на суспендираниот претседател на шпанската покраина Каталонија, Карлес Пуџдемон да биде претседател на Каталонија. Но се уште не е познато дали ќе се врати во Шпанија, односно што ќе се случи по неговото враќање.
Карлес Пуџдемон, кој се наоѓа во Брисел, како „каталонски претседател" им честиташе на граѓаните на победата.
„Изборите ги доби Република Каталонија. Државата Шпанија, Рахој и нивните сојузници изгубија", рече Пуџдемон, додавајќи:
„Ние сме легитимна влада. Политичарите треба да бидат итно ослободени. На политичарите треба да им биде дозволено да се вратат во парламентот".
Тој повтори дека шпанската држава е поразена.
„И покрај насилство, стравот, затворите, прогонот и заканите ние победивме. Рахој (шпанскиот премиер Маријано), шпанската држава и Европа тоа мора да го видат", рече Пуџдемон.
Суспендираниот претседателот на шпанската покраина Каталонија, Пуџдемон и четворица министри во Шпанија беа обвинети за поттикнување на бунт и злоупотреба на јавни средства и кршење на довербата, а во Белгија отпатуваа откако беа разрешени од должноста поради нелегалното прогласување независност на Каталонија.