Fuat Kabakçı
22 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ПЕКИНГ (AA) - Во северната кинеска област Хебеј, завршена е изградбата на најдолгиот стаклен мост во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што објави кинескиот дневен весник „China Daily”, мостот долг 488 метри и ширина два метри, со стаклен под, висок е 218 метри. Овој необичен мост ќе го поврзе Пингшан и малото туристичко место Хонгјагу.
Во изградбата на мостот се користени 1.077 стаклени панели, од кои секој е дебел четири сантиметри. Мостот тежи 70 тони, а треба да биде официјално отворен за два дена.
Шефот на градилиштето на мостот Лиу Чичи, кој го нарекуваат „Небесен мост", рече дека мостот има капацитет од 2.000 луѓе. Но, како што рече, ќе биде дозволено на мостот да има најмногу 500 луѓе во исто време.
Лиу рече дека мостот има 3.5 пати поголем теретен капацитет од стандардните мостови во Кина.