Ali Rezzakoğlu
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
КУДС (АА) - Четворица Палестинци се убиени кога израелските сили отворија оган врз жителите на бегалскиот камп на Западниот Брег, изјави гувернерот на Џенин, Акрам Рајоуб, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Израелските сили упаднаа во текот на ноќта во бегалскиот камп во Џенин, што се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег“, изјави Рајоуб.
Тој додаде дека Израелците ги зеле телата на две жртви, чиј идентитет не е познат.
Другите две жртви се Салех Амар (19) и Раед Абу Сеиф (21), се вели во соопштението на палестинското Министерство за здравство.
Очевидците претходно изјавија дека израелските војници пукале врз Палестинците и користеле солзавец.
Неколку палестински групи во Џенин повикаа на генерален штрајк денес.