Barış Seçkin
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
РИМ (АА) - Во несреќата на авионот што утрово полета од Малта и по кусо време се урна во близина на аеродромот, починале 5 официјални лица на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалната изјава се вели дека утрово во 7.20 часот, од меѓународниот аеродром кај Лика на Малта полетал двомоторен авион со код „N577MX“, кон либискиот град Мисрата, но кусо време по полетувањето тој се урнал.
Во врска со несреќата, на својот профил од социјалната мрежа Твитер, премиерот на Малта, Џосеф Мускат соопшти дека во авионската несреќа починале француски официјални претставници ангажирани на задачата за превенција во трговијата со луѓе од Либија.
Мускат истовремено додаде дека врз основа на изјавите од очевидците, пред уривањето не се случила никаква експлозија.
Во весникот „Малта тудеј“, своја изјава даде и министерот за надворешни работи на Малта, Џорџ Вела, кој истакна дека не се забележани траги на саботажа.
По авионската несреќа, меѓународниот аеродром беше затворен, а повторно во сообраќај беше пуштен во 11.30 часот.
По несреќата се појавија вести дека во него имало претставници на Европската агенција за управување со надворешните граници на земјите-членки на Европската Унија (ФРОНТЕКС) или официјални лица на ЕУ. Засегнатите организации ги негираа овие невистини. ФРОНТЕКС соопшти дека авионот не бил нивна сопственост, додека Фредерика Могерини, високиот преставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, соопшти дека авионот и патниците во него не се претставници од мисија на ЕУ.
- Авионска несреќа во Малта, петмина загинати -