Davit Kachkachishvili
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
КИЕВ - Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ се потребни ракети од долг дострел за да може поефикасно да се бори против руската војска, известува Агенција Анадолија (АА).
„Руските сили започнаа ракетни напади на Костјантиновка во областа Доњецк во саботата наутро“, рече претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во својата порака на социјалната мрежа Телеграм.
„Во нападот животот го загубија 3 цивили, а 14 се ранети“, информираше украинскиот претседател.
Зеленски истакна дека цел на нападите биле станбени населби.
Тој рече дека руските сили ги извршиле нападите со ракетите С-300.
Во пораката Зеленски напомена дека на Украина ѝ треба повеќе оружје за да ги спречи сличните офанзиви и да го ограничи капацитетот на руската војска за нови напади.