Aliia Raimbekova
15 Септември 2023•Ажурирај: 16 Септември 2023
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски се состана денес со Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), јавува Анадолу.
Зеленски на социјалните мрежи објави дека се сретнал со Кан и дека сите релевантни украински институции продолжуваат со систематска соработка со Канцеларијата на главниот обвинител на МКС.
Тој наведе дека е сѐ поблиску вистинската казна за руските злосторства во Украина.
„Веќе постои првиот јасен резултат, историскиот налог за апсење на Путин. Ќе има дополнителни правни последици“, рече Зеленски.
Во рамките на истрагата за злосторствата извршени во Украина, МКС во март објави дека е издаден налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Алексеевна Лвов-Белова.