Зеленски ја реорганизира Украинската служба за надворешно разузнавање
Според потпишаните декрети, Зеленски го разрешил Олех Луховски, заменик-шеф на разузнавачката служба и го назначил за прв заменик-шеф...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес потпиша повеќе декрети за реорганизација на персоналот во Службата за надворешно разузнавање на земјата, пренесува Анадолу.
Според декретите, објавени на веб-страницата на украинското Претседателство, Зеленски го разрешил Олех Луховски, заменик-шеф на разузнавачката служба и го назначил за прв заменик-шеф.
Олех Синаико, исто така, е разрешен од заменик-шеф, а на негово место е назначен Хенади Бохач.
Во декретите не се наведени причините за промените.
Во март Зеленски го назначи Олех Ивашченко за шеф на Службата за надворешно разузнавање.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.