Kasım İleri
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
Во годишниот извештај на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), во врска со случаите на самоубиство во американската војска се наведува дека во 2020 година се самоубиле 580 војници, додека за пет години за 41,4 отсто се зголеми нивото на самоубиство меѓу војниците во активна служба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во овој извештај се нагласува дека нивото на самоубиство меѓу војниците во активна служба во 2020 година се зголемило за 9,1 отсто во споредба со претходната година, додека ова ниво меѓу 2018 и 2020 година се зголемило за 15,3 отсто.
Според извештајот, нивото на самоубиство кај резервните сили се зголемило за 19,2 отсто во 2020 година во споредба со претходната година, додека ова ниво кај припадниците на Националната гарда пораснало за 31,7 отсто.
Во извештајот се истакнува дека минатата година се самоубиле 580 војници, меѓу кои се наоѓаат војници во активна служба, припадници на резервните сили и на Националната гарда.
Според овој извештај, за пет години за 41,4 отсто се зголеми нивото на самоубиство меѓу војниците во активна служба.
„Наодите се загрижувачки“, изјави американскиот министер за одбрана, Лојд Остин во врска со извештајот.