Emre Aytekin
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени денеска го потресе автономниот регион Ујгур во Синкјанг, во северозападниот дел на Кина, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Кинескиот центар на мрежата за земјотреси (CENC) се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во рамките на границите на округот Акчи, на границата со Киргистан.
Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степен вчера го потресе округот Писан во провинцијата Хотан, во југозападниот дел на регионот Синкјанг.