Haydar Şahin
22 Февруари 2023•Ажурирај: 22 Февруари 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала денеска ја потресе иранската провинција Фарс на југот од Иран, пренесува Анадолу.
Иранскиот национален сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во селото Дорз, во југоисточниот дел на провинцијата Фарс.
Земјотресот бил на длабочина од 11 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и за причинета материјална штета.
Земјотресот уследи по вчерашниот потрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер со епицентар во истото село.