Muhammet Kurşun
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ТЕХЕРАН
Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди иранската покраина Језд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот, што се случил во 1:04 часот по локално време, бил во подрачјето на Бехабад при Језд.
Се истакнува дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени, а се случил на длабочина од 8 километри.
Според соопштеното, нема жртви или материјална штета во земјотресот.