Muhammet Nazım Taşcı
21 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени се случи во близина на градот Раџанпур при пакистанската покраина Пенџаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот центар за сеизмологија на Пакистан.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил 37 километри североисточно од Раџанпур.
Како што се наведува во соопштението, земјотресот со јачина од 5,2 степени се случил на длабочина од 39 километри.
Според вестите на локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Дера Гази Хан, Дажал и Захир Пир.
Не се дадени информации околу тоа дали има жртви или материјална штета во земјотресот.