Mehmet Hatipoğlu
12 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
КОМОТИНИ (АА) - Земјотрес со јачина од 5,2 степени се случи во Лариса, Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот за науки за Земјата при Атинската опсерваторија, епицентарот на земјотресот кој се случи во 14:57 часот по локално време, во близина на Еласона во северозападниот дел на Лариса.
Се истакнува дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени, на длабочина од 10 километри.
Сè уште нема дојави за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Во истото подрачје на 4 март се случи земјотрес со јачина од 5,9 степени.