Mahmut Atanur
02 Јуни 2019•Ажурирај: 03 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди индонезиската покраина Северна Суматра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG), соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води 68 километри југоисточно од подрачјето на Јужен Ниас, на длабочина од 48 километри.
Институтот за метеорологија, клима и геофизика и Пацифичкиот центар за цунами, по земјотресот не дадоа предупредување за цунами.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот.