Muhammet Nazım Taşcı
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала што ја потресе пакистанската покраина Белуџистан, животот го загубија 20 лица, од кои 6 деца, а повеќе од 300 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пакистанскиот Национален центар за сеизмичка контрола соопшти дека земјотресот, чиј епицентар се наоѓа во близина на регионот Харнаи, бил на длабочина од 15 километри.
Националниот центар за сеизмичка контрола информира дека потресот се случил во 3:20 часот наутро, а се почувствувал и во подрачјето на Кета, Сиби, Пишин и Чаман.
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, во земјотресот со интензитет од 5,9 степени животот го загубија 20 лица, од кои 6 деца, а повеќе од 300 се повредени.
Земјотресот предизвика оштетување на голем број куќи, а во некои подрачја настанаа и свлечишта.
Во тек се операции за пронаоѓање и спасување во подрачјата погодени од земјотресот.