Riyaz Khaliq Khaliq
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 6,1 степен се случи во југозападниот дел на Кина, по што властите мобилизираа тимови за спасување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на кинескиот јавен емитер ЦГТН (CGTN), информацијата преку соопштение ја потврдил Центарот за мрежа на земјотреси на Кина.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Јаан кој се наоѓа во кинеската покраина Сичуан.
Се вели дека земјотресот со јачина од 6,1 степен се случил на длабочина од 17 километри.
Три минути по главниот земјотрес, се случил и уште еден потрес со јачина од 4,5 степени.
Во веста на кинескиот весник „Глобал тајмс“ (Global Times) се истакнува дека над 1.100 спасувачи биле мобилизирани низ областа, додека над 200 од нив биле упатени на местото на настанот.