Recep Şakar
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
МЕЛБУРН
Земјотрес со јачина од 6,4 степени го потресе југоисточниот дел од островите Кермадек во Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 180 километри југоисточно од островот Раул, кој се наоѓа во групата острови Кермадек, на оддалеченост од околу 800 километри од Нов Зеланд. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Инаку, по земјотресот со јачина од 7,4 степени, што се случи на 16 јуни, на островите Кермадек беше издадено предупредување за цунами, кое по извесно време беше тргнато.
Исто така, во земјотресот со јачина од 6,2 степени, што се случи во 2011 година во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, животот го загубија 185 лица, а над 1.500 лица беа повредени.