Mahmut Atanur
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ЏАКАРТА
Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди индонезиската покраина Северен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на оваа земја, епицентарот на земјотресот бил на отворени води, односно 71 километар југозападно од местото Боне Боланго при градот Горонтало.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 6,4 степени се случил на длабочина од 131 километар.
Во соопштението се нагласува дека овој земјотрес бил почувствуван и во Тернате, Тидоре, Моровали, Лабуха и Бороко Боланг Монгондов.