Ömer Faruk Yıldız
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Бројот на евакуирани лица од нивните домови поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во шест сојузни држави на Малезија, надмина 34.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата на Агенцијата за општествена благосостојба на Малезија, досега во безбедни зони се евакуирани 34.525 лица поради поплавите предизвикани од монсунските дождови кои од 1 јануари досега ги зафатија сојузните држави Паханг, Џохор, Келантан, Теренгану и Перак.
Се вели дека 68 лица кои се засолниле во безбедни зони во Селангор, се вратиле во своите домови.
Во поплавите животот го загубија 3 лица.