Ekipa
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, изјави дека неговите несогласувања со канцеларката Ангела Меркел за миграциите се историја, пренесува Anadolu Agency (АA).
Несогласувањата помеѓу Зехофер и Меркел предизвикаа политичка криза која се закани на опстанокот на коалиционата Влада, а тие успеаја преку преговори да ја надминат ситуацијата.
Зехофер, заговорник на поостра политика за мигрантите, за весникот „Bild am Sontag“ (Билд ам Сонтаг) истакна дека постигнатиот договор во владејачката коалиција во Германија испраќа јасна порака дека илегалната миграција повеќе не се исплаќа.
На молбата да го прокоментира неговиот однос со канцеларката Меркел по несогласувањата, Зехофер илустративно рече дека погледот низ предното стакло на автомобилот е далеку поширок од погледот во ретровизор.
Тој, исто така, најави дека германската Влада ќе ги намали финансиите кон радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD).
„Владата е на трага на нападните причини за растот на популарноста на АфД“, рече Зехофер.