Ali H. M.Abo Rezeg
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Иран ќе го задржи военото присуство во Сирија, по поразот на терористичката организација ДЕАШ, истакна денес ирански официјален претставник, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ционистичкиот режим (Израел) се обидува да доминира во Сирија по распаѓањето на терористичката организација ДЕАШ, но силите на отпорот и воените советници на Иран ќе го продолжат своето присуство во Сирија, во борбата против тероризмот“, изјави високиот советник на портпаролот на иранскиот Парламент за меѓународни прашања, Хусеин Амир Абдулахиан, за време на состанокот во Техеран со палестинскиот амбасадор Салах ал Завави.
„Сиријците нема да дозволат нивната земја повторно да стане засолниште за ционистичките терористи“, додаде тој во изјавите пренесени од локалните медиуми.
Во изминатите месеци, Израел изведе неколку воздушни напади врз ирански цели во Сирија во кои загинаа голем број припадници на иранските сили.
Израелските официјални претставници постојано велат дека нема да дозволат Иран да го задржи долготрајното воено присуство во Сирија.
Иран и Хезболах се силни сојузници на сирискиот режим на Башар ал Асад, силите со кои се борат опозициските групи во граѓанската војна во Сирија уште од 2011 година.
Оттогаш загинаа стотици илјади лица, а милиони се раселени како резултат на судирите.