Erbil Başay
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, изјави дека европските земји сакаат да продолжи имплементацијата на постигнатиот договор за иранската нуклеарна програма, јавува Anadolu Agency (AA).
Габриел допатува во Брисел за да присуствува на состанокот на европските шефови на дипломатиите и министри за одбрана, а во краткото обраќање пред новинарите изјави дека имплементацијата на договорот за иранската нуклеарна програма ќе биде една од темите на денешниот состанок.
„САД беа учесници во преговорите и сега сакаат договорот да се преиспита, а дури и го започнаа тој процес. Европа е заинтересирана да го сочува договорот што го спречува Иран да развива нуклеарно оружје“, изјави Габриел.