Ercan Canbolat
21 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, намени една канцеларија во Белата куќа за својата ќерка Ивана Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатката Џејми Горелик, за списанието „Политико“ соопшти дека 35-годишната Иванка Трамп во текот на оваа недела ќе се пресели во Белата куќа, во канцеларија сместена во нејзиното западно крило.
Иванка Трамп сѐ уште нема добиено службена должност, но според изјавата на адвокатката Горелик, Иванка ќе има прво на пристап до информации кои се проценети како доверливи. Таа додаде дека Иванка Трамп за својата работа нема да добива плата и дека за неа ќе важат истите етички правила кои важат за сите владини службеници.
Адвокатката Горелик истакна дека таа нема да положи заклетва. „Активното учество во владата на постарата ќерка на претседателот е нова ситуација“, вели таа.
Адвокатката Џејми Горелик додаде дека Иванка нема да се занимава само со женски прашања, туку таа ќе има широка палета на советнички ингеренции и ќе биде „окото и увото“ на татко ѝ.
Белата куќа сѐ уште не даде никакво известување во врска со ова прашање.
Иванка Трамп со години работи заедно со татко ѝ. Таа често учествува на состаноците во Белата куќа по преземањето на претседателската функција од страна на Доналд Трамп. Иванка имаше активно учество и при посетата на премиерот на Канада, Џастин Трудо, и на германската канцеларка Ангела Меркел на Вашингтон.
Сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, работи во Белата куќа како претседателски советник.