Eşref Musa,Burak Karacaoğlu,Levent Tok
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
ИДЛИБ (АА) - Во вчерашното авионско бомбардирање во зоната на деескалација на судири во Идлиб, Сирија, бројот на загинати се искачи на 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците добиени од Цивилната одбрана („Бели шлемови“), синоќа се изведени воздушни бомбардирања во местата Фуа и Кефраја и Хан Шејхун, во северниот дел на Идлиб. Во нападите загинаа 15 лица, а 28 се повредени.
Опозициската купола за набљудување на авиони, преку профилот на социјалната мрежа објави „Пет руски авиони кои полетаа од воздухопловната база „Химејмим“, извршија бомбардирање во подрачјата на Фуа и Кефраја и Хан Шејхун, сместени во подрачјето на Идлиб.“
Режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, од почетокот на годината досега, прекршувајќи го договореното од Сочи, изведуваат воздушни напади врз цивилните населени места во зоната на деескалација на судири во Идлиб. Во тие напади животот го загубија 166 цивили, а повеќе од 470 цивили се ранети.
И покрај постигнатиот договор меѓу Турција и Русија за обезбедување на прекин на огнот во Идлиб, силите на режимот, со прекини, продолжуваат да изведуваат напади.
Русија, која е гарант на режимот на Асад, во рамките на Договорот од Астана, има обврска да ги спречи нападите на режимот.