Emine Dalfidan
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
ХАТАЈ (АА) - Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, утрово го гранатираа патниот правец меѓу Џебел Екрад и Идлиб во регионот на Туркменските Планини, единствениот патен правец кои ги поврзува тие две места во Сирија, недалеку од границата со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во артилериските и ракетни напади, погодени се и туркменските населби сместени покрај патниот правец.
Како што јавува репортерот на АА, спорадични борби се водат во близина на туркменските села Сараф и Келез.
Во текот на првата недела од договорот за прекин на огнот во Сирија, кој стапи на сила минатата недела, загинаа 75 цивили, а намален е бројот на напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и руските сили врз сисриските населени места.
И покрај примирјето и намалувањето на нападите, тие во целост не престанаа.
Нападите се продолжени во Латакија, во западниот дел на Алепо, на југот на Идлиб, во источниот дел на сириската престолнина на Дамаск, Дера и во западните делови на земјата.