Cem Genco
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ обезбеди помош за повеќе од 3.000 ученици во училиштата околу сирискиот Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Помош во вид на зимска облека и училишен прибор беше доставен на учениците во 37 основни училишта.
Мустафа Кали од ИХХ изјави дека продолжуваат да им помагаат на учениците во сириските градови погодени од војната.
Тој потврди дека помошта е доставена за 3.174 деца, вклучувајќи ги и децата без родителска грижа, а кои се наоѓаат во безбедна област во Идлиб.
На овој начин, како што рече Кали, делумно го олеснуваат образованието на децата во воените зони.