Can Erözden
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ХАТАЈ (АА) - Турската фондација за хуманитарна помош (ИХХ) денес испрати 29 амбулатни возила во Сирија, која е опустошена од војната, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на фондацијата, Хасан Ири, за АА изјави дека на Сирија ѝ се потребни амбулантни возила за помош и превоз на повредените од нападите.
Ири вели дека амбулантните возила, донирани од страна на европските земји за ИХХ, се испратени во сириските градови, руралниот дел на Алепо, Идлиб, Хама и Хомс.
„Повеќе од 400.000 цивили загинаa во нападите во Сирија, а стотици илјади се повредени. Сѐ додека се вршат напади врз цивилите, сѐ повеќе лица умираат и потребна им е сѐ поголема медицинска помош“, вели тој.
Ири додаде дека болниците се главни цели во овие напади.
„Луѓето обично умираат на пат кон болницата бидејќи нема амбулантни возила. ИХХ се обидува да ја пополни оваа празнина. Амбулантните возила донирани од Европа се испратени во Сирија преку ИХХ“, рече Ири.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против про-демократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони лица се раселени.