Vesna Besiç
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
ВЕРГЕС (АА) - Во текот на предвелигденските карневалски денови во Шпанија се одржува и традиционалниот полноќен „танц на смртта”, јавува Anadolu Agency (AA).
Секоја година учествуваат голем број на луѓе, а сите учесници се облечени во костими. На крајот од долгите колони одат маскирани луѓе во застрашувачки скелети носејќи кутии со пепел.
Овој фестивал во светот познат под името "Maundy Thursday" се одбележува и на улиците на шпанскиот Вергес. На Велики Четврток, во пресрет на Велигден, кој е во недела, е изведен традиционалниот „танц на смртта”. Објективот на фоторепортерот на АА ги забележа учесниците на карневалот низ улиците на овој шпански град.