Mahmoud Mohamed Barakat
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Високата изборна комисија на Либија денеска предложи одложување на претседателските избори предвидени за 24 декември за еден месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи ги пречките кои го попречуваат одржувањето на гласањето навреме, Комисијата во соопштение објавено преку Фејсбук предложи гласањето на изборите за претседател да се организира на 24 јануари 2022 година.
Таа, исто така, го повика Претставничкиот дом (Парламентот) да работи на отстранување на сегашните пречки со кои се соочува гласањето.
Спротивставените страни во Либија не се согласуваат околу распоредот за гласање за претседателските и парламентарните избори да се одржат истовремено или едни по други.
Либијците се надеваат дека претстојните избори ќе придонесат за ставање крај на вооружениот конфликт кој со години ја мачи земјата богата со нафта.