Servet Günerigök
22 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Канадскиот премиер, Џастин Трудо, и неговата Либерална партија, според покажувањата на анкетите, се очекува да победат на изборите одржани вчера, соопшти Канадскиот јавен емитер (CBC), пренесува Anadolu Agency (AA).
Либералите на Трудо ќе треба да бараат поддршка од најмалку една партија за да можат да изгласуваат закони, што значи дека ќе формираат малцинска влада.
„Ен-би-си њуз“ (NBC News) објави дека официјалните резултати ќе бидат објавени откако ќе бидат пребројани сите гласови.
Вчера во Канада се одржаа 43. федерални избори.
Околу 4,7 милиони луѓе гласаа на раното гласање одржано низ Канада во текот на последните четири дена, според федералната агенција „Елекшнс Канада“ (Elections Canada).
Другиот значаен противкандидат е лидерот на Прогресивната конзервативна партија, Ендрју Шир.
Канаѓаните гласаа за индивидуалните членови на Парламентот од канадските федерални изборни единици таканаречени „ридингс“.
Трудо (47) минатата недела доби клучен индосман од поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Но, минатиот месец, се појавија фотографии на Трудо на интернет кога бил помлад со обоено црно лице. Тој се извини и ги нарече „неприфатливи“.