Kasım İleri
22 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
ВАШИНГТОН
Командантот на Мисијата на Соединетите Американски Држави во Авганистан, генералот Остин „Скот“ Милер, истакна дека откако ја презел функцијата во текот на една година бројот на војниците во Авганистан ги намалил за околу 2.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
На заедничката прес-конференција со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, во главниот град на Авганистан, Кабул, генералот Милер рече: „Можеби не е познато во јавноста, но како дел од процесот на оптимизација, бројот на војниците тука го намаливме за околу 2.000.“
Полковникот Сони Легет, портпарол на американските сили во Авганистан, истакна дека минатата година бројот на американските сили во Авганистан изнесувал 15.000, а сега е околу 13.000.
Истакнувајќи дека повлечените војници претежно биле од седиштето во Кабул, полковникот Легет рече дека повлекувањето не треба да се разбере како повлекување од Авганистан, туку како дел од општа оптимизација.