Serdar Dincel
10 Март 2026•Ажурирај: 11 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Израел денес соопшти дека вкупно 2.339 повредени лица, цивили и војници се примени во болниците од почетокот на американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, пренесува Анадолу.
Бројот вклучува 95 лица кои моментално се хоспитализирани, од кои едно во критична состојба, се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.
Најмалку 191 повредено лице се примени во болниците во последните 24 часа, се додава во соопштението.
Ескалацијата во регионот се разгоре откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, во кои досега загинаа околу 1.300 луѓе, вклучувајќи го и врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, а над 10.000 други се повредени, според иранските власти.
Иран возврати со ракетни и беспилотни летала напади насочени кон Израел, Ирак, Јордан и земјите од Персискиот Залив каде што има американски воени бази.