Ikrame Imane Kouachi
21 Октомври 2023•Ажурирај: 23 Октомври 2023
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израел побара евакуација на 20 болници од северниот Појас Газа, од кои 6 се веќе евакуирани, рече денес официјален претставник на израелската безбедност, известува Анадолу.
„Четири болници ја одбија наредбата за евакуација, додека останатите се во процес на евакуација“, рече неименуван официјален претставник за Израелската радиодифузна коорпорација.
Овој извор потврди дека „околу 30.000 Палестинци пристигнале во засолништата кои ја опкружуваат болницата Шифа како жив штит“.
Обединетите нации и меѓународните институции во изминатите денови соопштија дека постои хуманитарна криза во Појасот Газа како резултат на израелското бомбардирање и блокадата на Газа.
Израелски официјален претставник тврди дека „Нема хуманитарна криза во Газа.“
„Досега 700.000 граѓани се евакуирани од северниот дел на Појасот Газа на југот од регионот“, рече тој.
Израел бара околу 1,1 милион Палестинци од северниот Појас Газа да се евакуираат во јужните делови.