Hamdi Yıldız
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
БЕЈРУТ (АА) - Либан соопшти дека во последните два дена либанскиот воздушен простор бил нарушен од страна на Израел 29 пати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на либанската Армија се вели: „Во петокот извидувачкиот авион на непријателот Израел 20 пати, а во саботата 9 пати го наруши нашиот воздушен простор.“
Се наведува дека сите нарушувања на воздушниот простор биле изведени со кружен лет и дека биле следени во координација со Мировниот корпус на Обединетите нации (UNIFIL).
Од друга страна, официјалната новинска агенција на Либан во својата вест објави: „Непријателските сили ги подигнаа беспилотните летала за извидување и надзор, леталата летаа над местото Хула на југот на земјата“.
Израел не даде никакво соопштение во врска со тоа.
Во последните месеци, обете страни меѓусебно се обвинуваат за навлегување во копнените, воздушните и морските подрачја.