Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Safiye Karabacak
26 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
КУДС (АА) - Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал“ одлучи од крајот на март да ги прекине летовите кон Јужноафриканската Република, која поднесе тужба за „геноцид“ против Израел, пренесува Анадолу.
Како што јави израелската државна телевизија КАН, компанијата „Ел Ал“ објави дека летовите до Јоханесбург ќе бидат прекинати од крајот на март.
Важно е да се напомене дека ваквата одлука е донесена неколку часа пред објавувањето на одлуката за барањето привремени мерки во случајот „геноцид“ што Јужноафриканската Република го поднесе против Израел до Меѓународниот суд на правдата (МСП).
„Ерусалим пост“ објави, врз основа на извори во компанијата, дека Израелците не сакаат да патуваат во Јужноафриканската Република поради безбедносната ситуација и случајот во Хаг, туку повеќе сакаат да одат на нови дестинации како Токио, САД и Тајланд.