Hülya A. Gündüzalp
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Авиокомпанијата "Turkish Airlines" поради најавеното силно невреме откажа 75 летови од истанбулскиот аеродром "Ататурк", јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат, денес и утре откажани се летовите во и надвор од Турција. "Turkish Airlines" на службената интернет страница истакна дека дене се откажани 25, а за утре 50 летови.
Информациите за летовите на патниците ќе им бидат достапни на интернет страницата www.turkishairlines.com.