Mahmoud Barakat
02 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти утрово го ослободија гувернерот на Ерусалим и деветтемина членови на движењето на палестинскиот отпор. Тие поминаа една недела во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатите од тимот на одбраната соопштија дека израелскиот Суд утрово наредил ослободување на уапсениот гувернер Аднан Гаит и деветтемина членови на Фатах.
Израелската страна досега не излезе со коментар во врска со случајот.
Гувернерот на Ерусалим, Аднан Гаит, беше уапсен на 25 ноември, а непосредно пред тоа израелските власти му изрекоа полугодишна забрана за влез на територијата на окупираниот Западен Брег.
И неколку недели претходно израелската Војска го апсеше гувернерот Гаит, кога тој, исто така два дена мина во притвор.
Ерусалим и понатаму е клучно прашање за повеќедеценискиот палестинско-израелски конфликт на Блискиот Исток.