свет

Израел го повика ерменскиот амбасадор поради признавањето на Палестина

„По признавањето на палестинската држава од страна на Ерменија, Министерството за надворешни работи го повика амбасадорот на Ерменија во Израел на разговор со остра опомена“

Ikrame Imane Kouachi  | 21.06.2024 - Обновена : 21.06.2024
Израел го повика ерменскиот амбасадор поради признавањето на Палестина

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел денес го повика ерменскиот амбасадор на „остар опоменувачки разговор“ откако поранешната советска република соопшти дека ја признава државата Палестина, јавува Анадолу.

„По признавањето на палестинската држава од страна на Ерменија, Министерството за надворешни работи го повика амбасадорот на Ерменија во Израел на разговор со остра опомена“, се вели во кусото соопштение на МНР.

Претходно денес, Ерменија соопшти дека ја признава државата Палестина, последната земја што го стори тоа за време на војната во Газа, каде Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци од упадот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кој однесе 1.200 животи. Ереван рече дека е против насилството врз цивилното население.

Шпанија, Норвешка, Ирска и Словенија неодамна ја признаа палестинската државност.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред почетокот на копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.