Ekipa
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
КУДС (АА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, го поздрави назначувањето на првиот амбасадор на Бахреин во Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мојот најтопол поздрав до амбасадорот Калед Јусеф ал Џалахмах кој положи законска заклетва пред неговото величество, кралот Хамад бин Иса, монарх на Бахреин и наскоро ќе пристигне во Израел како амбасадор во Кралството Бахреин“, напиша Лапид на Твитер.
Лапид го смета овој потег за важен чекор во зајакнувањето на односите меѓу Израел и Бахреин.
Тој во моментов престојува во дводневна официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) по повод отворањето на Израелската амбасада во Абу Даби. Тој денес ќе го отвори израелскиот конзулат во Дубаи.
Израелскиот министер за надворешни работи и неговиот колега од Емиратите, Шеик Абдулах бин Зајед ал Нахјан доцна синоќа потпишаа договор за економска и трговска соработка меѓу двете земји, според израелската телевизија.
Лапид и Ал Нахјан разговараа и за проширување на кругот на договори за нормализација на односите со Израел и вклучување на повеќе арапски и исламски земји, како и за ситуацијата во Појасот Газа.
Во септември 2020 година, ОАЕ, Бахреин и Израел потпишаа договори за нормализирање на меѓусебните односи, под покровителство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.