Handan Kazancı
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Израелската Влада го ратификуваше договорот за проектот за гасоводот во Источниот Медитеран (Ист-Мед) потпишан со Грција и администрацијата на кипарските Грци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелското Министерството за енергетика се вели дека е одобрен трилатералниот договор постигнат на 2 јануари за испорака на гас од Источнот Медитеран во Европа.
Станува збор за проект на гасовод долг 1.900 км кој се протега од Израел до Грција, а потоа во Италија.
Пред потпишувањето на договорот, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, упати критики за проектот, нагласувајќи дека тој е во спротивност со географските факти и дека е донесен од чисто политички причини.