Muhammed Sabry
16 Ноември 2023•Ажурирај: 20 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Израелските сили го уништија споменикот на загинатите во флотилата „Мави Мармара“ што се наоѓаше во пристаништето во Газа, соопшти денес израелската војска, пренесува Анадолу.
„Во изминатите неколку дена, во заедничка операција, војниците... ја презедоа оперативната контрола на пристаништето во Газа, кое беше под контрола на Хамас“, се вели во соопштението на израелската војска.
„Сите објекти во пристаништето беа збришани.“
Засега нема реакција од Хамас за тврдењата.
Во мај 2010 година израелските командоси убија 10 турски активисти на хуманитарната флотила „Мави Мармара“, која се упати кон Газа за да достави хуманитарна помош.
По нападот Туркије побара официјално извинување од Израел, компензација за семејствата на загинатите и прекинување на израелската блокада врз Газа.
Во 2013 година израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази жалење за инцидентот до тогашниот премиер на Туркије, а сега претседател Реџеп Таип Ердоган.
Покрај компензацијата, Израел се согласи со хуманитарно присуство на Туркије во окупираниот Појас Газа.